|
19.11.2010 Leica VIP event - 5 Години GeoWILD MAK
По повод 5 години успешно работење ГеоВИЛД Мак организираше јубилејно и промотивно предавање во хотел Карпош Скопје.
На овој настан организиран со нашите корисници, накратко го презентиравме работењето на ГеоВИЛД МАК во изминатите 5 години со акцент на поголемите реализирани проекти и развојните планови за иднина.
Исто така во тек со развојот на инструментите и опремата од Leica Geosystems AG, беа промовирани новите GS08 GNSS и
најфлексибилната тотална станица со вградена камера Leica Viva TS11 и ТS15.
Значајно место на овој настан одвоивме и за нашите корисници и партнери во поголеми проекти, Агенцијата за Катастар на Недвижности со проектот МАКПОС и
ФАКОМ АД со проектот во индустриска метрологија.
ГеоВИЛД МАК продолжува и понатаму да биде на Ваше располагање.
Повеќе детали од овој настан погледнете од .pdf презентациите во прилог.
- 5 Години GeoWILD MAK - презентација.pdf, Г-дин Александар Тушев, продажба и маркетинг ГеоВИЛД МАК
- ФАКОМ АД - проект презентација.pdf, Проф.Др Тихомир Николовски, Г-дин Зоран Делев, Г-дин Зоран Симјановски, Г-дин Ненад Кралевски
- МАКПОС - проект презентација.pdf, Г-дин Саше Димески, раководител на сектор основни геодетски работи во АКН
- Ново од Leica Viva - презентација.pdf, Г-дин Александар Постоловски, управител ГеоВИЛД МАК
|