GeoWILD MAK
 
www.geowildmak.com.mk
   
    

Cледејки ги актуелните случувања во геодетската дејност, Ве информираме за семинарот што на 31 мај, во просториите на ЕСМ, го организираше фирмата Geo WILD Mak, авторизиран дистрибутер на Швајцарската Leica Geosystems заедно со својот Хрватски партнер Geo WILD од Загреб.

l . Leica Geosystems е реномиран производител на мерни инструменти, мерни системи и прибор за мерење во Геодезијата и примена во многу инженерски и секојдневни задачи.

 Целта на овој семинар беше промоција на најновите технологии развиени во Leica  за своите корисници и најважното за геодетската дејност во нашата држава промоција на соработката со фирма која со презентација, продажба, техничка подршка и сервис, целосно ќе ги задоволува потребите на корисниците кај нас.

 На семинарот беа присутни гости од повеќе институции кои имаат интерес за технологијата што ја произведува Leica Geosystems.
l

l
l   l
Leica обезбедува решенија и системи за позиционирање, премер, мапирање, навигација, метрологија (индустриски мерења), управување со машини, катастар, градежништво, фотограметрија, рударство и инженерство, обработка на слики за далечинска детекција, метрологија и други геодетски и мерни апликации. Мерни системи вклучувајки високопрецизни GPS, тотални станици, теодолити, нивелири, GIS, софтвер, аеро камери, рачни мерни уреди (DISTO™должиномери) и 3D ласерско скенирање.
© GeoWILD MAK 2008